-->
-->
СП 2026: Збогум нерешено!
-->
Новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино како и неговите претходници сака да воведе новитети во фудбалот и најверојатно неговите предлози за укинување на нерешениот резултат и зголемување на бројот на учесници на 48 ќе здогледаат светло на СП во 2026 година. .
Првите предлози на првиот човек на светскиот фудбал се најавени веќе за следниот месец во Цирих . Според предлогот на Инфантино би требало да се формираат 16 групи со по три репрезентации и на крајот само првопласираните да поминат во нокаут фазата, односно да се пласираат во осминафиналето.
Инфантино најавува дека ќе предложи во групната фаза воопшто да нема нерешени средби. Доколку еден меч заврши нерешено, веднаш ќе се пристапи кон изведување на пенали. На тој начин тимот кој ќе победи во пенал-рулетот ќе има голема предност за конечниот исход на групната фаза.
Планираниот нов формат на СП нема да доведе до дополнителен напор на играчите, бидејќи селекции ќе бидат распределени во многу повеќе од сегашните осум групи. Засега уште не се знае кој ќе биде домаќин на СП 2026 година. Мундијалот во 2018 ќе биде во Русија, додека во 2022 година домаќин ќе биде Катар.
ФИФА последните промени на Мундијалите го направи во 1998 година, кога во Франција за прв пат се појавија 32 репрезентации, а не како што беше претходно праксата, кога учествуваа само 24 национални тимови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница