Во јануари повик за користење средства од ИПАРД Програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во јануари 2017 година ќе објави Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија - ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година.
Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку развој на човечкиот и физички капитал да се подобри безбедноста на храната и способноста на земјоделско-прехранбениот сектор за справување со конкуренцијата на пазарот, како и за постепено усогласување на секторот со стандардите на Европската Унија, особено оние кои се однесуваат на хигиената и животната средина, а во насока на постигнување на рамномерен територијален развој на руралните средини.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 од јавниот повик се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.
Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ: Филипче игра бугарско сценарио
-

Руте во Букурешт: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од територијата на Алијансата
-

Големи полициски сили распоредени околу српскиот парламент каде се одржуваат собири и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад
-

Путин размислува за продолжување на руските нуклеарни проби доколку тоа го направат и САД
-

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки
-

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови
-

По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност
-

Обвинителството бара притвор за скопјанец осомничен за разбојничка кражба, провалил во куќа и украл над 1.500 евра
