Врховниот суд на Бразил одлучи претседателот на Сенатот да остане на должноста
Бразилскиот Врховен суд одлучи да му дозволи на Ренан Каљеирос да продолжи да ги извршува задолженијата како претседател на Сенатот и покрај истрагата за корупција што се води против него, јави ДПА.
Каљеирос беше времено отстранет од должноста од едночлен состав на Врховниот суд во понеделникот, откако беше обвинет за злоупотреба на државни средства.
На седницата во полн состав Судот реши со шест наспроти три гласа Каљеирос да ја задржи функцијата, но за сметка на тоа тој нема да може повеќе да ги извршува надлежностите на претседателот, доколку шефот на државата не е во можност да остане на функцијата.
Шеесет и еден годишниот Каљеирос е обвинет дека префрлал пари од буџетот на Сенатот на фирма за автомобили со изменети договори од 2005 до 2007 година. Ова тој го правел за да може да и исплаќа алиментација на неговата вонбрачна ќерка.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје