Мини трибина на ГРОМ во Тетово
Носителот на листата за пратеници од Коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вечерва присуствуваше на мини трибината што во организација на нивниот коалициски партнер ГРОМ се одржа во малата сала од Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.
- Со задоволство учествувам на вечерашната трибина помеѓу членовите и симпатизерите на ГРОМ со кои сме заедно во коалиција и со кои имаме заедничка понуда и програма. Добро е што имаме уште 23 партии со кои сме заедно, изјави Ѓорчев.
Денеска, нагласи, се видов со пензионерите, претставници на навивачки групи од Тетово и околината, со граѓански асоцијации, планинарски друштва, спорстки клубови.
- Тоа значи дека имаме широк фронт на граѓански асоцијации, политички партии обединети околу идејата за унитарноста на Македонија, обединети околу голем број на проекти за Тетово и Тетовско. Од едната страна има одвај 12 непрецизирани, аморфни, недефинирани проекти од СДСМ, а од другата 48 конкретни, дефинирани, со јасни рокови, со обезбедени средства програми и проекти на Коалицијата „За подобра Македонија“. Приемот меѓу граѓаните е одличен и мислам дека во Тетово и околината, но и во целата Шеста изборна единица ќе имаме навистина одличен резултат, потенцира Ѓорчев.
На присутните им се обрати и потпретседателот на ГРОМ Горан Анчески.
- Овие избори се круцијални за државата и на нив имаме две опции - едната што нуди реално спроведени проекти и проекти што ќе се спроведуваат во иднина и другата опција што нуди деструктивност и не понуди ништо квалитетно до овој момент. Се работи за многу значајни избори и на кои треба да се постават црвените линии што значат перспектива и иднина на државата, а ние од ГРОМ што сме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и останатите 23 партии цврсто застануваме зад програмата „Реално“ и зад целовитоста и унитарноста на Македонија, изјави Анчески.
Многу е важно, нагласи, особено за овој регион и Шестата изборна единица да се зачува унитарноста и целовитоста, да се задржат државните институции, а оние искажани небулози за локални полициски станици со огромно влијание врз безбедноста и сигурноста на граѓаните сметаме дека не треба да бидат прифатени, туку напротив дека треба да се задржи постоечкото државно уредување.
- Се работи за татковината, а татковината ни е на сите иста - Република Македонија, таа се сака како што се сака мајка, се почитува како што се почитува татко, а се чува и се грижи како што се грижиме за нашите деца, посочи Анчески.
Пред присутните на трибината на ГРОМ во Тетово се обрати и претседателот на тетовскиот огранок на оваа партија и шеф на изборниот штаб на ГРОМ за Тетово доктор Бране Трпковски.
Ново на Сител
-
Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери
-
Од турист до амбасадор на скриени убавини во Македонија | Фин Вотшов | Sitel Podcast 116
-
Орбан: Ситуацијата е таква што „една грешка може да прерасне во светска војна“
-
До 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк
-
Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти
-
Злоупотреба на функција и бесправно градење - обвиненија против поранешниот директор на струмички „Комуналец“
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк