-->
-->
Завршен буџетски форум во Крива Паланка
-->

На денешната трета, завршна сесија од општинскиот буџетски форум во Крива Паланка локалната самоуправа на општината се изјасни за прифаќање 63 предлози од граѓаните кои ќе бидат интегрирани во буџетот за 2017 година.
Од предложените деведесет, компленто се прифатени 63, 15 делумно, додека 12 предлози поради објективни причини нема да бидат буџетирани.
-На претходните сесии граѓаните даваа предлози за проекти кои мислат дека треба да бидат реалзиирани, ние ги сумлимиравме, разгледавме со стручните општински служби што може да биде завршено, кои проекти се издржани, ќе ги инкорпорираме во програмата на буџетот за следната година. Драго ми е што граѓаниет масовно се одзваа на повикот да учествуваат во транспарентното носење на буџетот и што и во 2017 ќе имаме еден издржан буџет по мерка на граѓаните, од и за граѓаните, изјави Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
Тој истакна дека благодарение на Швајцарската агенција за развој и соработка е инициран ваквиот модел на транспарентно носење на буџетот за општината да продолжи самостојно да го органзиира и реализира.
На форумските сесии учествуваа стотина граѓани на Крива Паланка. Преку презентации од стручните лица, односно од претставниците на локалната самоуправа, присутните на првите две сесии се запознаа со вкупно 11 буџетски програми. Отчетот за реализираните активности во локалната заедница во рамки на годишниот Буџет општината ќе го презентира кон крајот на следната календарска година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
-

Втора иранска балистичка ракета соборена во турскиот воздушен простор во последната недела
-

Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор
