-->
-->
Почна учебната година за 598 првачиња и 671 средношколец во Велес
-->
Во сите пет основни и четири средни училишта во Велес започна новата учебна 2015/16 година. Во прво одделение годинава во клупите седнаа 598 првачиња, а во прва година во средно 671 ученик.
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска го посети ОУ „Св Кирил и Методиј“, упати честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака успеси во новата наставна година.
- Од денеска ваш најголем другар и пријател е книгата. Таа ќе ви ги отвори сите врати кон иднината и ќе ви помогне да ја одберете вистинската професија,потенцира Чадиев.
Успешен почеток на новата учебна година, тој им посака и на учениците кои своето образование денеска го продолжија во Средното стручно училиште „Коле Неделковски“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика на морална уцена, но унгарскиот народ одлучи
-
Црвен метео аларм во Бугарија и Романија
-
Приведени двајца криумчари од Скопје, пронајден илегален мигрант од Турција
-
МЕП: Државата од денеска и официјално дел од СЕПА, полесни и побрзи плаќања во евра
-
Приведени две италијански државјанки на ГП Табановце, кај нив е пронајдена дрога
-
На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори
-
Приведен 41-годишник од Скопје, фатен како одзема нафта од училиште
-
Филмска полициска бркотница и пукање вчера во Скопје, осуденици со Ренџ Ровер завршија во ендек