Свет
1. December 2016 - 11:53

Фигел: Се зголемува омразата меѓу Евреите и муслиманите

Специјалниот пратеник на ОН за слобода на верата, Јан Фигел предупреди на опасност од зголемување на тензиите меѓу верските заедници, пред се меѓу муслиманите и Евреите.

Тој укажа дека е видлива тенденцијата на зголемена омраза меѓу муслиманите и Евреите, која може да стане реалност.

Поранешниот еврокомесар истакна дека исламот мора да ја почитува слободата на верите.

- Кога муслиманите живеат во паралелни општества тие сами себе си се ослабнуваат, тврди Фигел.