Јилдирим: Предлог-уставните реформи се во завршна фаза
Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) е близу до финализација на уставните реформи, но ќе има уште една средба со „националистичката опозиција заради допрецизирање на подробностите“, изјави денеска во турскиот Парламент, премиерот Бинали Јилдирим.
Лидерот на опозициската Партија на националистичка акција (МХП), Девлет Бахчели претходно изјави дека има „значителен напредок“ во разговорите со АКП за предлогот за уставни реформи.
- Предлогот може да биде доставен до парламентарната Уставна комисија веднаш штом се надминат разликите по едно или две прашања, изјави Бехчели пред новинарите.
Турската Влада планира уставни измени со кои би се зајакнала позицијата на шефот на државата, кој според актуелниот Устав на Турција, има во голема мера само протоколарни надлежности.
Според противниците на ваквиот предлог, Владата сака парламентраниот систем во Турција да го претвори во претседателски, со што би се зајакнала власта на актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга