Манчевски: Поголема помош за домашните компании

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и кандидат за пратеник во ИЕ 1 денеска изјави дека во програмата предвидуваат економско зајакнување домашните фирми со 140 милиони евра директна поддршка.
Со тоа ќе се обезбедат повисоки плати и повеќе работни места. Домашните фирми треба да знаат дека доаѓаат подобри времиња за бизнисот во Македонија. Со враќањето на парите кон граѓаните ќе се зголеми личната потрошувачка. Тоа ќе значи и повеќе пари во оптек и повеќе пари за фирмите, изјави Манчевски пред Министерството за финансии.
Ќе ја зголемиме, нагласи, државната помош за мали и средни претпријатија од сегашните 200.000 евра, на 20 милиони евра во првата година, 30 милиони во втората и 40 милиони евра до крајот на мандатот. Тоа е зголемување за 100 пати.
- Ќе ја зголемиме просечната плата на 30.000 денари, но финансиски силно ќе ги помогнеме фирмите за да се достигне оваа плата. Државата ќе дава по 108.000 денари за вработување лице до 50 години со услов да добива просечна плата. Ќе даваме 162.000 денари за вработување лице од ранливите категории, повторно со услов да прима просечна плата. Ќе исплаќаме по 72.000 денари за вработување со преземање на лица од администрацијата со услов да примаат просечна плата, рече Манчевски.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
