Маврово најстудено и со најмногу снег
Снежна покривка од 10 сантиметри е формирана на Маврово, Крушево и Берово 4, Пожаране 3, Претор, Лазарополе и Крива Паланка 2 и еден сантиметар снежна покривка формирана е во Демир Капија, Штип, Виница, Тополчани и Ѓуриште.
Најниска температура утрово е измерена во Маврово -10 степени, -7 во Крушево, -6 во Лазарополе, -5 во Пожаране и Ѓуриште, -4 воТополчани и Берово, -2 во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Охрид и Дебар, -1 во Тетово, Битола и Претор, 0 во Штип и Скопје, 1 во Струмица, Демир Капија, Скопје Петровец, 2 во Дојран и 3 во Гевгелија.
Утрово времето е облачно и студено речиси насекаде со врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските места. На повисоките места и планините во западните делови, врнежите се со умерен интензитет и се формира снежна покривка. Дува умерен ветер од северен правец, особено во Штипскиот регион и северниот дел на Повардарието, и на моменти достигнува брзина од околу 40 км/час.
Времето во текот на денот ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од -2 до 4 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 2 степена.
Во наредните денови ќе следува стабилно време со постепен пораст на дневната температурата, но во среда и четврток утрата ќе биде многу студено со температури од -10 до -4 степени.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија
-
Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
-
Куп на ЕХФ: Алкалоид ремизираше против Минаур Баја Маре
-
Со едночасовен молк во скопскиот Градски парк стотина млади оддадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани
-
Во Ријад почнаа разговорите на делегациите на САД и Украина
-
Двајца осомничени, илегално пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија
-
Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
-
Насилство на скопската обиколница, предложен притвор за осомничениот