Вебер: Турција нема да стане членка на ЕУ
Зачленувањето на Турција во ЕУ е целосно исклучено, изјави лидерот на Пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент, германскиот демохристијанин Манфред Вебер.
- Турција нема да стане членка на ЕУ, изјави Вебер во интервју за весникот „Ноје Ознабрикен Цајтунг“.
Според него, наместо полноправно членство, многу „поразумно“ ќе биде ЕУ и Турција да склучат посебен договор за соработка во областа на економијата, културата и студентската размена.
Европскиот парламент во четвртокот усвои резолуцијата со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, во знак на протест поради чистките во земјата, по неуспешниот обид за преврат.
По ова турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека тој документ нема никаво правно значење на Турција, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Анкара би можеле да ги отвори границите кон ЕУ за оние мигранти што сега се наоѓаат на нејзина територија.
Ново на Сител
-
Снегот добредојден за земјоделството
-
Во Берово најстудено -6, на Попова Шапка најмногу снег 47 сантиметри
-
Почина академскиот сликар Коле Манев
-
Тошковски и Памер разговарале за борбата со криумчарење луѓе, илегална миграција, тероризам и сајбер криминал
-
Во Бангкок затворени приближно 200 училишта поради загадениот воздух
-
Судот денеска ќе одлучува по барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“
-
Раст од 92.8 отсто на заболени од акутни заразни заболувања во декември во однос на ноември
-
Грчко МНР за изјавата на Мицкоски во Њу Џерси: Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо