Британската телевизија „Канал 4“ со видео прилог за македонските тинејџери што ја урнаа Хилари
Британската телевизија „Канал 4“ испрати своја екипа во Велес за да ги најде младите велешани што на своите интернет-портали пласираа лажни информации во корист на Доналд Трамп. Светските медиуми пренесоа дека токму овие портали со лажни вести многу придонеле да се оцрни Хилари Клинтон и да се смени мислењето на американските гласачи.
Новинарот на британската телевизија допатувал во Велес и ја почнал потрагата по младите велешани. За негова среќа, тој успеал да дојде до неколкумина од нив. Сепак, повеќето од тинејџерите не сакаа јавно да зборуваат пред камерата за нивните страници и за заработките што ги добиле. Тоа што го дозна новинарот е дека заработката стигнала и до 200.000 долари, а во мрежата биле вклучени повеќе од 200 тинејџери.
Новинарот успеа да дојде и до еден од главните креатори на мрежата, но младиот велешанец не сакаше да зборува, негираше каква била вмешаност во креирањето портали со лажни вести и бргу замина со својот автомобил.
На прашањето зошто го правеле тоа, тинејџерите му рекоа дека целта им била пред сè да заработат пари, но и поради забава.
- Пари и забава, тоа е причината. Ако е веста лажна, ќе ја избришам, но пак ќе продолжам со порталот - му вели еден од младите велешани на британскиот новинар.
Целиот телевизиски прилог на британскиот „Канал 4“ можете да го погледнете на ОВОЈ линк.
Ново на Сител
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-
Во Собранието седница за Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори
-
Полицијата објави видео-снимка од осомничениот за убиството на Кирк
-
Поранешнот претседател на Бразил осуден на 27 години затвор
-
Дел од општините Аеродром и Центар без вода
-
Променливо облачно, до 33 степени