Повредени 24 полицајци и уапсени 300 мигранти по судир во бегалски камп во Бугарија
Најмалку 24 полицајци се повредени, а 300 мигранти се уапсени по судирот меѓу бегалците и полицијата во најголемиот бугарски мигрантски камп Харманли, на границата со Турција, соопштија утрово бугарските власти.
Во судирот учествувале околу 1.500 мигранти.
- Околу 300 мигранти, од кои шестмина се сметаат за закана по националната безбедност, се уапсени изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за државното радио БНР по обиколката на кампот.
Борисов рече дека во вчерашниот инцидент се повредени 24 полицајци и двајца мигранта и дека ситуација сега е под контрола.
Мигрантите, од кои повеќето Авганистанци, запалиле автомобилски гуми и со камења нападнале околу 250 полицајци, припадници на жандармеријата, како и пожарникари.
Портпаролката на локалната полициска управа Нина Николова, изјави дека мигрантите тоа го сториле во знак на протест затоа што неделава им бил воведен карантин за да се спречи епидемијата од шуга во кампот.
Во кампот се сместени околу 3.000 мигранти, додека во Бугарија има вкупно околу 13.000 бегалци, главно од Авганистан.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје