Европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн во Македонија
Известувачот на ЕП за Република Македонија Иво Вајгл заедно со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн денеска ќе претстојуваат во еднодневна посета на земјата во рамки на која ќе остварат средби со претставници на политичките партии, со специјалната обвинителка Катица Јанева.и со претставници на граѓанското општетсво.
Известувачот Вајгл, вчера пред посетата на Македонија во разговор со дописникот на МИА од Стразбур, изрази оптимизам дека изборите закажани за 11 декември ќе бидат демократски и транспарентни, што е услов за земјата за продолжување по патот кон европската и евроатланстката интеграција.
- Немам причини да не верувам, дека изборите ќе бидат според правилата, дека ќе бидат демократски, транспарентни. Ќе има, се разбира, различни интереси. Не може преку ноќ да се премине преку разликите кои постојат во македонското општетство меѓу политичките партии. Меѓутоа, јас верувам дека долготрајните подготовки создадоа услови за нормални демократски избори и јас посакувам така да биде, бидејќи од тоа зависи понатамошниот пат на Македонија кон европските и евроатланстките интеграции, вели Вајгл.
Укажа и на пораката која ќе им ја пренесе на своите соговорници со кои ќе се сретне за време на престојот во земја.
- Сакам само повторно да порачам, долго работевме на Пржинскиот договор и на неговото постепено реализирање. Мислам дека тоа е основата врз која треба да се гради иднината во наредните неколку месеци. Тоа треба да го имаат предвид и гласачите на кого тие ќе му дадат мандат. Јас верувам дека Македонија по овие избори ќе биде поинаква од тоа што е денес, рече Вајгл.
Тричлената делегација на ЕП по средбите ќе одржи заедничка прес-конференција.
Ново на Сител
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда
-
Варди за испаѓањето на Лестер од Премиер лигата: Тоа е целосна срамота
-
Натпреварите во Серија А одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април
-
Ленард со 39 поени ги предводеше Клиперс до победата над Денвер
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата