-->
-->
Жена и дете загинаа при пожар, повредени се уште две други деца
-->
Возрасна жена и шестгодишно дете загинаа доцна синоќа при пожар во камп за бегалци на грчкиот остров Лезбос во Егејското Море.
Како што јавија грчките медиуми, при инцидентот потешко се повредени уште две други деца.
Се смета дека пожарот избувнал во еден од шаторите каде 66-годишната жена се обидела да готви на плинска боца.
На кампот во близина на градот Морија се нанесени сериозно штети и таму се уште работат противпожарните служби и се врши истрага за причините.
По инцидентот во кампот дошло до судири меѓу мигрантите и полицијата. Според полициски извор, при тоа се повртедени шест лица.
Во моментов на островот Лезбос се наоѓаат околу 6.000 мигранти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај