Ѓорчев ја презентираше изборната програма пред жителите на Брвеница
Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Влатко Ѓорчев денеска посети повеќе населени места и индустриски капацитети во општина Брвеница каде промовираше дел од проектите од изборната програма.
- Промовираме повеќе проекти меѓу кои еден од поголемите на ниво на држава е за набавката на механизација за земјоделците. Досега државата покриваше 50 отсто од трошоците, а 50 отсто остануваше на самите земјоделци. Сега, државата ќе го зголеми своето учество и ќе покрива 60 отсто од сумата за набавка на земјоделска механизација, трактори, приколки и цела друга низа на земјоделски машини, изјави Ѓорчев.
Тој додаде дека ќе се зголеми и учеството на државата на 60 проценти при осигурувањето на посевите - Ова се две добри, позитивни мерки за земјоделците, рече Ѓорчев.
Најави и завршување на канализациската мрежа во Брвеница, асфалтирање на повеќе улици и изградба на градинка. Го презентираше и проектот за отворање на рурални економски развојни зони со кој се предвидува поволностите што ги имаат странските инвеститори во технолошко равојните индустриски зони, да бидат и за секое рурално место во Македонија, со цел, како што рече Ѓорчев, да се отвараат нови погони и нови вработувања.
Ѓорчев денеска ќе се сретне и со жителите на Челопек, Седларце и Радиовце, ќе ја посети конфекцијата Империјал во Брвеница, земјоделската задруга Единство од Челопек и неколку други фирма, а потоа слични средби ќе има и во општина Маврово Ростуше.
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми