Со мониторирање на потрошувачката на енергија до поголема конкурентност

Компаниите може да заштедат 10 до 15 отсто енергија ако воведат соодветни системи за мониторинг на потрошувачката. Доколку, пак, дополнително, инвестираат и во опрема и дистрибутивни мрежи, заштедата може да достигне 20 до 30 проценти, покажува проектот на УСАИД за индустриски менаџмент што се спроведе на вкупно 17 фирми од приватниот сектор, а резултатите беа презентирани денеска во Стопанската комора на Македонија.
Како што изјавија директорот на Канцеларијата за развој при Мисијата на УСАИД во Македонија Едвард Гонзалез и директорот на проектот Драган Блажев, рационалното користење на енергијата ги намалува трошоците, овозможува поголем профит и конкурентност, но придонесува и за подобар имиџ на фирмите.
Според проценките на европско и светско ниво, системите за мониторирање на потрошувачката на енергија, зависно од компанијата и нејзината дејност, чинат од 15.000 до 40.000 долари, а некогаш и повеќе.
- Системите за менаџирање со енергијата покажаа дека инвестицијата во нова технологија е добар бизнис. Трошоците за енергија во последно време постојано растат и како што се зголемуваат, така приватниот сектор губи средства кои би ги вложил во нешто друго или за подигнување на своите капацитети, истакна Гонзалез.
Подобрувањето на управувањето со потрошувачката на енергија, потенцира, индиректно создава можности за вработувања во понапредните сектори и за модернизација на застарените и неефикасни технологиии.
- Системите за следење на потрошувачката на енергија треба да се сфатат како инвестирање во нова технологија што значи помали трошоци, поголем профит и конкурентност, напомена Блажев, дополнувајќи дека заштедата е индивидуална, се разликува кај секоја компанија, нејзините специфики, обемот, производството,...
Интерес за воведување вакви системи има кај многу македонски компании, а фирмите што беа опфатени со проектот треба да бидат, нагласи, пример за останатите во однос на бенефитите.
Искуствата на компаниите кои вовеле системи за мониторинг на потрошувачката на енергија покажуваат дека покрај поголемата заштеда, придобивка е и придонесот кон одржлив развој и заштита на животната средина.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
