Почнува првата Недела на италијанската кујна
Промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија, е целта на првата Недела на италијанската кујна, која почнува вечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.
Станува збор за настан од светски рамки, организиран под покровителство на италијанското Министерство за надворешни работи.
На отворањето на Неделата на италијанската кујна ќе присуствува италијанскиот амбасадор Карло Ромео.
Првата недела на италијанската кујна во Македонија ќе биде отворена со гастрономска вечер на која ќе бидат претставени ексклузивни италијански прехранбени производи кои шеф Џорџио Коа ќе ги користи како состојки за приготвување на специјалитети инспирирани од традиционалната кујна на различните италијански региони. Гостите на вечерата добиваат ексклузивна кујнска престилка со дизајн инспириран од италијанската кујна...
Истовремено, во специјализирана продавница во Јавна соба посетителите ќе имаат можност да се запознаат и да дегустираат италијански производи и специјалитети досега непознати во Македонија.
Оваа година, Неделата на италијанската кујна се прославува со повеќе од 1.000 настани истовремено во повеќе од 130 земји во светот, под единственото лого „The Extraordinary Italian Taste“.
Канцеларијата на Одделот за економска соработка при Амбасадата на Република Италија во Скопје, во рамки на првата Недела на италијанската кујна во светот организира серија промотивни активности и настани со цел да се валоризираат италијанската кујна, култура и дизајн, како и да се зајакне имиџот и пазарните позиции на италијанските прехранбени производи, како и да се збогати нивната понуда.
Промотивните активности за италијански прехранбени производи и вина во Македонија се дел од редовните активности на Одделот за економска соработка при Амбасадата. Секоја година на почетокот на јуни се организира презентација на нови италијански производители на прехранбени производи и вина заинтересирани за влез на македонскиот пазар. Станува збор за специјализиран настан наменет за увозниците и дистрибутерите.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“