Спасов: Преку „Македонија вработува 2“ отворени 2.960 работни места

Проектот „Македонија вработува 2“ го дава очекуваниот резултат. Досега преку овој проект има 2.960 новоотворени работни места во околу 2.260 компании, изјави денеска дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов.
Тој истакна дека Проектот им помага на голем број граѓани да дојдат до своето работно место, и на оние коишто се самовработуваат односно формираат сопствени бизниси, но и на македонските компании со стимулации бидејќи, како што рече, ги ослободува од плаќање на социјални придонеси во период од три до пет години да отворат нови работни места и со тоа да го прошират сопствениот бизнис.
- Очекуваме овој проект и во наредните некоклу месеци да продолжи да го зголемува бројот на отворени работни места, да влијае на развојот на македонските компании особено со оглед на фактот што најголемиот број корисници на оваа мерка се малите компании со пет до десет вработени, да им помогне да го прошират бројот на вработени. Очекуваме тој да влијае и на намалување на невработеноста со оглед на фактот дека само за неколку месеци се отворени околу 3.000 нови работни места, рече Спасов при посетата ма општина Могила.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
