Најстудено во Петровец, Струмица, Тетово, Демир Капија и Гевгелија

Најниска температура, од минус три степени, изутрина во седум часот е измерена во Скопје Петровец, по што следат Струмица, Тетово, Демир Капија и Гевгелија со минус два, Битола и Прилеп со минус еден, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Нула степени се измерени во Скопје, Крива Паланка, Лазарополе, Маврово, Штип, Дебар и Куманово, еден степен во Пожаране, два во Виница, Ѓуриште, Претор, Дојран, Охрид, три во Крушево, четири во Берово и Тополчани.
Времето денеска ќе биде претежно сончево, со појава на слаба магла по одделни котлини, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде од 11 до 18.
Во Скопје сончево со слаба магла и со слаб југоисточен ветер, а максималната температура до 13 степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на магла и ниска облачност, особено претпладне. Ќе дуваслаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти од -4 до 2 степена, а највисоката дневна ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови.
Од средината на наредната недела дневната температура ќе има тенденција на благо опаѓање.
Ново на Сител
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
