-->
-->
Медиумска војна како вовед за Ел Класико
-->

Барселона-Реал има стаус на една од најголемите дерби пресметки во светот на фудбалот. Во тековната сезона големите ривали првото соочување ќе го имаат на 3.декември во Барселона. На нешто повеќе од две недели до одигрувањето на дербито, атмосферата почнува да врие на двете страни.
Вербалната војна со зборови и преку медиумите наклонети кон едниот или другиот клуб започна минатата недела кога Marca, блиска до Реал, објави дека Меси нема намера да потпише нов договор со Барселона, односно дека размислува за напуштање на „Ноу Камп“.
Во четвртокот, повторно гласни реакции стигнаа од Мадрид. Сите во „кралскиот клуб“ се лути бидејќи за главен судија на дербито е делегиран Карлос Клос Гомез, судија познат по податокот дека Барселона кога тој бил главен судија не доживеала пораз на 20 натпревари.
Овој податок открива дека во Барселона се задоволни од изборот на главниот судија.
Барселона има дури 17 победи на 20-те натпревари кои ги судел Клос, тој досудил четири пенали за Барса, два против овој клуб, а никогаш не им исклучил играч на Каталонците, односно им поделил само два жолти картони.
Од друга страна на Реал му судел на 27 натпревари, а скорот на „кралскиот клуб“ е 18 победи, четири порази и пет нерешени.
Интересен е и податокот дека на претстојното „Ел Класико“, Клос ќе дебитира како главен судија, иако претходно два пати бил главен судија на дуелите на овие тимови, во ремито во Купот на Кралот 2012 и во Суперкупот истата година кога Барса славела 3:2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ во рамки на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“
