Се реконструира најголемата улица во штипската населба „Пребег“
Почна реконструкцијата на улицата „Велјко Влаховиќ“ во Штип. Поставени ќе бидат 6.000 метри квадратни асфалт, а работите ги изведува градежната фирма „Ескаватори“.
Како што рече денеска градоначалникот Илчо Захариев, со овој проект, вреден 4,2 милиона денари, ќе се реши деценискиот проблем околу водоснабдувањето.
- Ова е завршница на еден голем проект. Одлучивме да го решиме деценискиот проблем околу водоснабдувањето што тука постоеше. ЈП „Исар“ доведе квалитетно водоснабдување, но, тоа предвидуваше и комплетна санација на улицата, која беше многу оштетена, изјави Захариев.
Градоначалникот Захариев најави дека наредната година улицата „Велјко Влаховиќ“ ќе се продолжи до бањата Кежовица со што жителите од поголемите населби ќе можат побрзо да пристигнуваат, како и да патуваат кон влезот и излезот кон Радовиш и Струмица.
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје