Награда за филмскиот проект „Сестра“ на копродукцискиот маркет во Котбус
Филмскиот проект во развој „Сестра” на „Лист продукција“ ја освои наградата „coco Post Pitch Award“ на копродукцискиот маркет Connenting Cottbus (coco) во Котбус, Германија, каде што беше претставен минатата недела.
Наградата, која подразбира постпродукциски услуги во вредност од 25.000 евра, ја доделува германската продукција „The Post Republic“. Одлуката ја донесе тричлено жири составено од истакнати професионалци од филмската индустрија.
„Сестра” е проект за долгометражен игран филм во режија на Дина Дума, која е и косценарист заедно со Мартин Иванов. Продуцент е Марија Димитрова.
Филмот „Сестра” ќе биде прв долгометражен филм на младата режисерка Дина Дума. Досега таа има снимено два картки филма - „Елена” и „Враќање”, кои беа прикажани на повеќе фестивали и имаат освоено награди. Пишувањето на сценариото за филмот е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Connenting Cottbus (coco) е копродукциски маркет кој оваа година се одржуваше 18-ти пат, а секогаш за време на филмскиот фестивал во Котбус. Наменет е за проекти од Југоисточна Европа.
За време на овогодишниот маркет, 10 проекти меѓу кои и „Сестра”, беа јавно презентирани пред познати филмски професионалци од Европа, продуценти од западноевропски земји, особено од Германија, пред продажни агенти, дистрибутери, претставници на фондови и финансиери, со цел да обезбедат копродукциски средстава за реализација на филмовите.
Ново на Сител
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија
-
Свечља: Вучиќ ќе биде затворен ако се обиде без дозвола да влезе во Косово
-
ИНСТАТ ја коригираше грешката, на прегледот за пописните резултати напиша Македонци
-
До 14 часот на изборите за нов лидер на СДСМ гласале 28,61 отсто од регистрираните избирачи
-
Мицкоски на средба со Перински и Димитриеска Кочоска: Со ребаланс на буџетот ќе обезбедиме 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините
-
Бериша: Албанија нема повеќе од 1,4 милиони население