Трето издание на манифестацијата „Охридска софра“
Во излетничкото место кај манастирскиот комплекс „Света Богородица“ кај селото Скребатно денеска по трет пат ќе се одржи туристичко-промотивната манифестација „Охридска софра“.
Манифестацијата со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона во Охрид, има за цел да ја промовира традиционалната охридска кујна со подготовка на локални специјалитети, меѓу кои посебно место има ѓомлезето и да ја збогати туристичката понуда.
- Во подготовка на ѓомлезето ќе учествуваат 15 мајстори за овој специјалитет. Во 11:30 часот посебна жири-комисија ќе врши дегустација на подготвеното ѓомлезе, за во 12 часот да започне официјалниот дел, кога ќе бидат прогласени победниците, информира Ѓоко Апостолов, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.
За трите најдобро подготвени ѓомлезиња се придвидени и парични награди, и тоа десет илјади денари за највкусното ѓомлезе, за второнаграденото 7.000 и три илјади денари за третонаграденото.
Покрај подготвувањето на ѓомлезето, како што најави Апостолов, студенти од Факултетот за туризам и угостителство, ќе приготвуваат и ќе презентираат традиционални специјалитети од охридското поднебје, Здружението на пчелари ќе има изложба на мед, претставници на „Кластерот еден“ ќе презентираат производи и аранжмани на нивните членки, а штандови со здрава храна ќе имаат претставници од манастирскиот одбор и фирмата „ Градинар“.
Манифестацијата ќе биде збогатена и со музичка програма, со настап на етно-групата „Баклава“.
За сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од манифестацијата организиран е бесплатен превоз. Комбиња на „Омега-транс“ ќе тргнуваат од постојката кај поранешниот „Мини- маркет“ од 10 до 11 часот, а враќањето од Скребатно е по завршувањето на манифестацијата во 14 часот
Ново на Сител
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот
-
Од есен нова инвестиција од 36 милиони евра во индустриската зона Штип, вработувања за 150 лица
-
УЈП ја започнува дигиталната трансформација на даночниот систем со е-Фактура