„Чисти раце“ - прва проекција на „Festival To Date“
Продуцентската и дистрибутерска куќа „Катавеј“ (Cutaway) организира „Festival To Date“ - нов модел за истовремено фестивалско и онлајн-прикажување филмови, што подразбира еден филм во исто време да има премиера на фестивал/и и на платформата Video on Demand (VoD).
Овој иновативен проект за дигитална дистрибуција на филмови доби финансиска поддршка од потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ како прв ваков проект од Македонија.
Првата проекција во рамки на „Festival To Date“ е премиерата на холандскиот филм „Чисти раце“ - криминална драма во режија на Тјебо Пенинг, снимен според истоимениот бестселер на холандскиот писател Рене Апел. Филмот ќе биде прикажан од 17 часот во кино „Фросина“ во МКЦ, во рамки на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, и на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана. Истовремено, филмот ќе биде достапен и на VoD-платформата „Синесквер“ (Cinesquare). Прикажувањето го координираат „Катавеј“ и Филмскиот институт од Тирана.
„Катавеј“ соопшти дека овој експериментален модел треба да создаде клима за проширување на потенцијалната публика за европски филмови и дека може да им послужи на фестивалите како дополнителна маркетинг алатка за да допрат до поширок круг на публика. Проектот се реализира во соработка со партнери од Албанија и од Хрватска.
- Реализацијата на овој модел е дел од проектот на „Катавеј“ за нови дигитални форми за дистрибуција на филмот на Балканот. Станува збор за еден од 10-те од вкупно 31 пријавен проект за онлајн дистрибуција кои годинава добија поддршка од програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, специјализирана за развој, дистрибуција и промоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа. Со тоа, „Катавеј“ онлајн и офлајн: нови дигитални форми за дистрибуција на филмот на Балканот“ е првиот ваков проект од Македонија кој добил финансиска помош од програмата МЕДИА на „Креативна Европа“ која изнесува 58.000 евра, соопшти „Катавеј“.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
-
Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
-
Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд