Груевски: Околу три милиони евра ќе бидат инвестирани за проекти во струмичко

Околу три милиони евра средства од Програмата за рурален развој на Владата ќе бидат инвестирани за проекти во струмичкиот регион, најави денеска премиерот Никола Груевски.
- Од Програмата за рурален развој 81 општина добија средства за проекти, а четири општини од струмичкиот регион овој пат добија околу три милиони евра директна поддршка од Владата. Тие средства ќе можат да ги вложат во проекти поврзани со водоводи, канализациски мрежи, патишта, паркови и слично. Така што очекувам овие три милиони евра да ги искористат оваа и во текот на следната година. Општина Струмица доби средства за три проекти, практично за сите три проекти за коишто побара пари. Општина Василево побара средства за поголем број проекти и доби, а исто така и општина Босилово и општина Ново Село, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој потсети дека Владата и во минатото има помогнато на овој регион каде само за изградба на водоводи и канализациски мрежи се инвестирани околу два милиони евра.
- Ќе продолжиме со поддршка за струмичкиот регион и во иднина. Ние не гледаме кој е на власт во општината, туку да им помогнеме на граѓаните. Наша цел е поквалитетен живот и подобри услови за граѓаните.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
