Ристовски: Ново средно училиште во Ѓорче Петров и ново основно во Чаир
Министерството за образование и наука одлучи да ја финансира изградбата на два нови училишни објекти, едниот за потребите на средното училиште “Кочо Рацин“ лоцирано во општина Ѓорче Петров и другиот за потребите на посебното основно училиште “Иднина“ лоцирано во општина Чаир, објави на Фејсбук замeник министeрот за образование и наука Спиро Ристовски.
-Веќе е објавена тендерска постапка за подготовка на проекти за изградбата на новите објекти, по што ќе бидат избрани и компании изведувачи на градежните активности. Се работи за инвестиции произлезени од нашите редовни теренски посети и непосредни увиди во состојбите на образовната инфраструктура. Нашите досегашни резултати се гаранција дека ќе го исполниме дадениот збор. Во изминатите неколку години во Република Македонија се изградени нови 74 училишни објекти, за што се инвестирани 25 милиони евра. Претходно, пред 2006 година нов училишен објект беше изграден во периодот пред осамостојувањето. Има разлика, напиша Ристовски.
Ново на Сител
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани
-
Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц