Со забрзана динамика се санираат ударните дупки на патот Центар Жупа - Новак
Со забрзана динамика се одвиваат работите за санација на ударните дупки на патниот правец Центар Жупа - Новак.
Во реализација на оваа активност, која почна неколку дена по посетата на премиерот Никола Груевски на овој крај, се ангажирани вработени и механизација на ЈП „Македонија пат“.
- Патот е многу оштетен, има доста работа, но, максимално сме ангажирани со луѓе и механизација. Се надеваме дека работата ќе ја завршиме до средината на неделава што следува. Многуте ударни дупки ги чистиме и потоа ставаме асфалтна маса, во просек дневно по 20 тони, изјави Астрит Чутра, раководител на дебарската секција на ЈП „Македонија пат“.
Патот е во должина од десеттина километри, а со центарот на општината ги поврзува дванаесеттината села од областа Горна Жупа.
Во интерес на безбедноста на сообраќајот се санира целиот патен правец од Центар Жупа до селото Новак.
- Многу сме благодарни како локална власт, а секако и жителите кои секојдневно минуваат по овој пат кој е изграден пред повеќе од две децении. Ова ќе придонесе и туристите кои сакаат да ја посетат Спомен куќата на таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, која се наоѓа во селото Коџаџик, да не се премислуваат поради лошиот пат, истакна Фјорим Вејселовски од Секторот за урбанизам при општина Центар Жупа.
Жителите од оваа рурална општина се повеќе од задоволни и од најавата дека од октомври почнува и реконструкцијата на патот Мелнички Мост - Центар Жупа, кој е крак од регионалниот пат Дебар-Маврово. вт/бак/14:49
Ново на Сител
-
Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола
-
Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината
-
Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени при гасењето
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево - Охрид
-
Студентски протест најавен за утре во Белград - „Индексот е посилен од пендрекот“
-
Целосно затемнување на Месечината, ќе може да се гледа и од плоштад „Македонија“
-
Украина и Русија со меѓусебни напади, осум повредени во Киев