Американците денеска гласаат за новиот претседател на САД

Во САД денеска ќе бидат одржани претседателските избори, на кои 225 милиони Американци со право на глас ќе одлучат меѓу демократскиот кандидат Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп.
Ќе се гласа во еден еден круг во секоја од 50-те американски сојузни држави и во градот Вашингтон.
Медиумите оценуваат, повикувајќи се на спроведените анкети, дека изборите никогаш досега не били понеизвесни, а најновите анкети направени од „Блумберг“ и Институтот за истражување на јавното мислење „Селзер енд Ко“ покажуваат дека Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп.
Меѓу останатите кандидати, либертаријанскиот кандидат Гери Џонсон има поддршка од четири проценти од испитаниците, додека кандидатката на Зелената партија ужива поддршка од два отсто.
Претседателот во заминување Барак Обама ги повика демократите од секоја етничка припадност да излезат на изборите за 45-тиот претседател на САД и да го дадат нивниот глас за Хилари Клинтон, предупредувајќи дека САД се „на коцка на судбината“.
На неделниот собир во Северна Каролина, Обама истакна, дека републиканскиот ривал Трамп е закана за тешко стекнатите граѓански слободи.
Имено, некои од државите традиционално гласаат за демократите, а други за републиканците, поради што кандидатите во кампањите го ставаат фокусот на оние десетина држави кои од избори до избори ја менуваат партијата - а меѓу нив најважни се Флорида, Пенсилванија и Охајо.
Американците на 8 ноември бираат и нов состав на Претставничкиот дом на Конгресот и третина од составот на Сенатот.
Дваесет од 50-те американски држави денеска ќе изберат нови гувернери.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
