Расте индикаторот на доверба во градежништвото
Индикаторот на доверба, еден од клучните показатели на економската состојба, покажува раст во градежништвото.
Според оценката на раководителите на градежните компании индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2016 во однос на истото тримесечје од 2015 година е зголемен за 2,2 отсто.
Заводот за статистика објави и дека очекувањата за нови договори за градежни работи се поповолни, а менаџерите очекуваат и зголеување на бројот на вработени во овие компании во наредните три месеци.
Оценката за економската состојба во третиот квартал е поповолна во однос на вториот, како и во однос на истииот квартал лани.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, додека ројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје се над нормалата.
Според раководители на компаниите, најголемо влијание на ограничувањето на тековната градежна активност имаат, зголемени трошоци за материјали со 21.0%, зголемени финансиски трошоци (камати) со 18.6%, конкуренција во сопствениот сектор со 14.7% и недостигот на побарувачка со 11.1%.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
