Отстранети демонстрантите од местото за изградба на џамија во Атина

Грчката полицијата денеска ги отстрани сите присутни од локацијата во атинската населба Вотаникос, каде треба да се гради првата џамија во Атина, при што се уапсени 15 лица кои ја имаа „окупирано“ областа.
Интервенцијата следуваше откако градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис ја повика Владата да ја исполни својата „должност“ и да преземе акција. Тој рече дека градежните работи за изградба на џамијата треба да започнат што е можно побрзо.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, трошоците за изградба на џамијата, која ќе чини нешто помалку од 887 милиони евра, ќе ги покрие грчката држава.
Локацијата каде што треба да се гради џамијата беше окупирана од страна на околу 15 луѓе, кои себеси се нарекуваат Здружение на резервисти маринци и поставија импровизиран камп, кој го нарекоа „пункт за Грци“ за Грци бездомници, но не и за странци.
Членовите на групата, кои ја оградија површината со бодликава жица, наводно поднеле жалба со Државниот совет, највисокиот правен суд во земјата, против изградбата на џамијата. Нивната иницијатива беше поддржана од страна на неонацистичката партија Златна зора и други екстремни десничарски групи.
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
