Бизнис
1. November 2016 - 19:42

Понуда на нови финансиски инструменти за поголема атрактивност на берзанскиот пазар

Демократизација на финансискиот пазар со воведување поголем број на  финансиски иснструменти кои можат граѓаните и компаните да ги избираат за вложување на своите пари. Ова, според експертите, е потребно за развојот на македонскиот пазар на капитал на кој сега доминираат државните хартии од вредност, благајничките записи и обврзниците.

– Населението, а пред се фирмите, ја немаат атрактивноста на исцртување на долгорочна линија или графикон на принос, едноставно кај нас го немаме она што го имаат развиените берзи за да видиме што ќе не чека по три или пет години ако инвестирам во таква хартија од вредност. Тоа е нешто што во наредниот период треба да го развиеме. Во целина земање учество на сите фактори на чело со државата и нејзините институции со зголемување на бројот на инвеститори или со т.н демократизација на финансискиот пазар, изјави професорот Томе Неновски.

По 25 години пазарна економија потребни се дополнителни мерки за развој на алтернативно финансирање од банкарските кредити, вели првиот човек на Македонска берза.

– Развојот на пазарот на капитал е долг процес, нема краткорочни и лесни поместувања на работите, врзано е со менталитетот на бизнисите, со сигурноста и одржливоста на правниот систем и потребните подобрувања. Доаѓа до некои чекори за подобрување во регионот, кај нас можеби поспоро, изјави Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза.

Од ЕБРД велат дека банките може да обезбедат поголем развој со координирана акција меѓу државата и приватниот сектор.

–Развиениот банкарски сектор со поддршка од државата може навистина да биде голем поттик за развој на пазарот на капитал и на економијата воопшто. Мислам дека веќе постојат добри практики од држави кои се со различни големини и коишто се наоѓаат во различна фаза на својот економски развој, рече Ханес Такач, помошник директор на Оддел за локална валута и развој на пазарите на капитал на ЕБРД.

Во брокерската платформа СЕЕ Линк, што ја инцираше Македонска берза, а во која членуваат и Бугарската и рватската до крајот на годината ќе се вклучат и Љубљанската и Белградската берза.