Концерт „Златна лира - 2016“
„Златна лира - 2016“ е насловен концертот на Наташа Михајлова, сопран, и Елена Атанасовска Ивановска, пијано, што вечер ќе се одржи во Музеј на град Скопје. На програмата се дела од Рахнмањинов, Зографски, Скаловски, Властимир Николовски, Ј. Андреевска, Љ.Бранѓолица.
Наташа Михајлова е млад и надежен музички уметник, претставник од помладата генерација македонски соло-пејачи. Член е на професионалниот хор „Про Арс“ при СОКОМ, како и член на оперскиот хор при МОБ. Основното музичко образование го завршила во ДМУ „Тодор Скаловски –Тетоец“ - Тетово, а средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ - Скопје. Паралелно посетува часови по соло-пеење. Во 2013-та, Михајлова дипломира со највисока оценка Cum Laude на „Факултетот за Музичка Уметност“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, отсек соло-пеење, класа на проф. Горан Начевски. Во 2016 година завршила постипломски студии кај истиот професор.
Елена Атанасовска Ивановска е една од најафирмираните пијанисти во Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф.Лепа Мрмевска. Дипломира со највисока оцена Cum Laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов. Во 2005 година завршува постдипломски студии во класата на истиот професор.
Ново на Сител
-
Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
-
Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени
-
Трамп: Не знам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот