Пломп: Општина Гевгелија успешно се справи со мигрантската криза

Амбасадорот на Холандија во Македонија Ваутер Пломп на денешната средба со градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов рече дека општината успешно се справила со сите предизвици од мигрантската криза.
- Сакам да ви оддадам признание за начинот на кој се справувавте со бегалската криза, поточно како една мала општина се најде на патот на мигрантскиот поход и успеа на време и успешно да се справи со сите предизвици, изјави Пломп
Градоначалникот Франгов го информирал Пломп за сите предизвици и проблеми што ги донесе бегалската криза како и за активнотите што ги презеде општина Гевгелија за канализирање на транзитот на мигрантите, функционирањето на ПТЦ „Винојуг“ и моментната состојба која е оценета како мирна и стабилна во поглед на обидите за нелегално преминување на границата кои во изминатово деноноќие воопшто не се регистрирани. Сепак, нагласи Франгов, неизвесноста продолжува и налага целосна подготвеност поради можноста од нов бегалски бран.
Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп се интересирал за локалниот економски развој посебно за потенцијалите на општина Гевгелија поради можните инвестиции од холандски компании, посочувајќи ја неодамна најавената инвестиција од фирмата за земјоделско производство „Ино фрут“.
Притоа градоначалникот Франгов ги претстави можностите за инвестирање во земјоделството, преработувачката индустрија и туризмот, како и погодностите што ги обезбедува општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
