Чешка комерцијална телевизија обвинета за цензура

Комерцијалната чешка телевизија Прима од јавноста е обвинета за цензура заради тоа што во редовниот термин не ја пушти емисијата ,,Шоу на Јан Краус", во која повеќе личности од јавниот живот го критикуваа претседателот на државата Милош Земан, јави допсиникот на МИА од Прага.
Еден ден подоцна, под притисок на јавноста, откако беше објавена најавата, полна со критики кон претседателот на државата, емисијата беше емитувана со образложение дека продукцијата подоцна ја доставила, што беше негирано од модераторот Краус, кој објави и документ во кој се вели дека објавувањето не е дозволено.
Во емисијата, гостин беше Јиржи Бради, познат чешки публицист, кој ги преживеал концентрационите логори во Терезин и Аушвиц и пишувал и предавал за ужасите на Холокаустот. Неговото име, деновиве е често спомнувано во јавноста поради информацијата која се појави дека Земан ја повлекол неговата номинација за доделување на државната награда ,,28 октомври", поради тоа што неговиот внук, актуелниот министер за култура Даниел Херман се сретна со тибетскиот духовен лидер Далај Лама, при неговата неодамнешна посета на Чешка.
Херман излезе и со изјава дека Земан го повикал на разговор и „го уценувал“ да не ја оствари средбата со Далај Лама.
Во уводната најава на емисијата на сцената излегоа многубројни претставници од политичкиот и културниот живот на Чешка и го критикуваа Земан заради неговите најнови, но и постари постапки повикувајќи ги гледачите следниот пат добро да размислат за кого ќе гласаат.
Ново на Сител
-

Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски
-

Христијан Џеповски го извади Светиот крст од Преспанско Езеро
-

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
