Неколку десетици лица добиле медицинска помош по земјотресот во Италија
Неколку десетици лица добиле медицинска помош вчера по силните потреси во централна Италија, но засега нема податоци за тешко повредени, соопшти началникот на цивилна заштита Фабрицио Курчио, пренесува БТА.
- На крајот ситуацијата не е толку катастрофална како што мислевме на почетокот, со оглед на интензитет на потресите, изјави тој на прес-конференција во Риети. - Неколкумина повредени и многу паника, објасни Курчио.
Неколку повредени лица биле пренесени со амбулантни возила во итни оддели на болници во регионот и неколку десетици луѓе заминале сами да побараат лекарска помош поради повреди или лошење.
„Сакам да им се заблагодарам на оние кои работат на дождот во погодените од земјотресот зони. Цела Италија ги прегрнува силно луѓето кои повторно настрадаа", напиша синоќа на Твитер, италијанскиот премиер Матео Ренци.
Серија земјотреси ја погодија синоќа централна Италија, уривајќи цркви и згради, иницирајќи прекин во снабдувањето со елекстрична енергија и предизвикувајќи голема паника на жителите на ова подрачје, само два месеци откако истото беше погодено од силен змејотрес, во кој загинаа речиси 300 лица.
Првиот потрес беше регистриран во 19.10 часот со интензитет од 5,4 степени по Рихетеровата скала. Вториот беше осум пати посилен, со магнитуда од 6,1 степени, соопшти американскиот Геолошки завод. Со оглед на тоа дека повеќето жители веќе биле надвор на улиците со намера под отворено небо да ја минат ноќта, два часа подоцна, кога удри вториот земјотрес, тие биле надвор од своите домови, со што веројатно се спасени многу животи, соопштија официјални лица.
Сеизмолошките служби соопштија дека првиот потрес бил регистриран со епицентар 60 километри источно од Перуџа, на длабочина од девет километри под површината на земјата, а вториот близу Вишо, на 170 километри североисточно од Рим, на длабочина од 10 километри.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата