Истражување: Жените пијат исто колку и мажите
Конзумацијата и злоупотребата на алкохол најчесто се поврзува со мажите, но, според новите истражувања, се чини дека оваа прдрасуда е веќе минато.
На почетокот на 20. век, мажите конзумираа двапати повеќе алкохол од жените и имаа четирипати поголема веројатност од здравствени проблеми околу тоа.
Меѓутоа, научниците утврдија дека таа разлика со тек на времето се повеќе се намалувала, па сега бројките се речиси изедначени. Во 90-те години на минатиот века таа изнесувала 1,1 пати.
Во анализата објавена во списанието „Би-Ем-Џи“, со кое биле опфатени четири милиони лица, родени помеѓу 1891 и 2001, покажува дека заедно со пушењето, загадувањето и високиот крвен притисок, алкохолот е меѓу најголемиот причинител на болести во светот. До 2010, за пет отсто од смртните случаи причината бил алкохолот.
Студијата сепак не изнесува објасненување за намалувањето на гореспоменатата разлика меѓу мажите и жените.
Ново на Сител
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата