Меркел и Меј се за притисок врз Москва и Дамаск
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се заложи за запирање на нападите на сириските владини сили и Русија во Алепо, бидејќи во спротивно Европската унија ќе преземе мерки против двете земји.
- Сакаме да се стави крај на нападите. Кажав дека ќе воведам санкции не само против Сирија туку и против сите, кои се сојузници на Сирија. Тоа се однесува на Русија, истакна Меркел во Брисел по седницата на Европскиот совет.
Британската премиерка Тереза Меј истакна дека ЕУ треба да размисли за сите варијанти за вршење на притисок врз Русија и сирискиот претседател Башар ал Асад за да престанат нападите врз Алепо.
- Бевме многу јасни за улогата на Русија и многу јасни за неопходноста на ЕУ да заземе јасен став. Ако суровоста продолжи, треба да ги разгледаме сите варијанти и точно така ќе постапиме, истакна Меј.
Ново на Сител
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Денеска нова цена на струјата
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција