Форумот на жени на СПМ во посета на стари лица
Баба Љуба и дедо Димко се навлезени во деветата деценија од животот. Живеат мирен и спокоен живот, таа во кратовското село Каврак, а тој во Вак’в. Изродиле многу деца, преживеале војни, исчувале многу внуци и правнуци.
Градот секогаш го фалеле, но селото никогаш не го напуштиле. Иако во длабока старост, денот го минуваат активно, одгледуваат домашни животни, се грижат за своите бавчи. Најсреќни се кога некој ќе им тропне на порти и ќе им ја разбие монотонијата. А деновиве имаа причина плус за радост, затоа што жените од огранокот на Социјалистичката партија во Кратово ги посетија нивните домови и им го разубавија денот.
Топла атмосфера владееше во домот на семејството Лазаревски во Вак’в. Дедо Димко слави 89=ти роденден. Се собрале внуци, синови, ќерќи, зетови. Снаата испекла прасе, внуките направиле торта, а дедо Димко пресреќен, најавува дека ќе живее 100 години.
Форумот на жени на СПМ ќе профолжи и во иднина да се грижи за постарите лица, покажувајќи ја хуманата страна политичкото дејствување.
-
Оливер Арсовски
Сите содржини од овој новинар