Монти: Можен е Грексит со нов германски канцелар
Грција може да се биде првата жртва, односно земјата да биде принудена да ја напушти еврозоната, бидејќи следната или следниот германски канцелар, де факто, нема веќе да биде „канцелар на Европа“. А, евентуалниот Грексит ќе има непредвидливи последици за Европската Унија.
Оваа оценка ја дава професорот по економија на универзитетот Принстон, Асока Монти, за грчкиот весник „Вима“ во текстот под наслов „Европа по Меркел“.
Во моментов Меркел си ја задржа улогата на фактички европски канцелар, едноставно затоа што нема друга алтернатива, но Германија и Европа ќе се променат и следната или следниот германски канцелар нема да ја има ниту поддршката на Германците, ниту, пак, ќе е прифатен од Европејците како канцелар на Европа, а првата жртва од тоа би можела да биде токму Грција, смета авторот, потсетувајќи дека следната година во Германија ќе се одржат федерални избори и новиот Бундестаг ќе треба да го избере следниот или следната канцеларка.
Ново на Сител
-
Делови од Кисела Вода и Волково без струја
-
Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали
-
Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски
-
Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик, на дневен ред и осум други иницијативи
-
Додик во пресрет на пресудата повика на дијалог
-
Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти
-
Украина со дронови го нападна јужниот руски регион Краснодар