-->
-->
Доделени 219 решенија за парична помош за родители на новороденчиња во Ѓорче Петров
-->
Решенија за еднократна парична помош во висина од 5.000 денари им се доделени на сите родители кои имаат новороденче и се жители на општина Ѓорче Петров.
Од Општината соопштија дека заклучно со 19 октомври 2016 година донесени се 219 решенија и среќните родители веќе ја добиле паричната помош.
Одлуката за еднократна парична помош на почетокот од тековнава година ја донеле советниците од општина Ѓорче Петров.
Право на паричен надоместок, без исклучок, имаат сите оние кои според податоците во личните документи се жители на Ѓорче Петров. Пет барања се одбиени затоа што поднесителите на барањата, според поднесените потребни документи, не се жители на општината, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел