-->
-->
Карпош Соколи ангажираше нов странец
-->
Британскиот кошаркарски интернационалец, Рајан Ричардс е нов член на екипата на Карпош Соколи, откако и официјално го стави потписот на договорот со вториот македонски претставник во АБА-лигата.
25-годишниот Ричардс кој игра на позицијата крилен центар, но кој по потреба може да биде и класична „петка“, во Скопје доаѓа по неколкудневниот престој во кампот на Сан Антонио Спарс, НБА-тимот кој во 2010 година го драфтува како 49. избор. Повредата на рамото тогаш го спречи да настапи во најсилната лига на светот, сон од кој Ричардс се уште не се откажува. Негов последен клуб е Ал Ахли од Бахреин, а во досегашната интернационална кариера, која ја почна на 18 години во белгиски Монс, има променето поголем број клубови.
Новиот член на „соколите“ зад себе има настапи за екипи како Гран Канарија (Шпанија), Монтеј, Лугано (Швајцарија), Ал Наср (ОАЕ), Икарос (Грција), Керменд (Унгарија), Азад Техеран, Шардари Горган (Иран), Сагесе (Либан), Гуанкси ринос (Кина) и Цептер Виена (Австрија). Ричардс доаѓа на местото на Американецот Ламонт Мек, кој неодамна беше отпуштен поради лошите игри и проблематичното однесување.
Дебито во дресот на Карпош Соколи се очекува Ричардс да го има веќе в недела во „Јане Сандански“ на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром во првото македонско дерби во историјата на АБА-лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица