СДСМ предлага промени во работата на администрацијата
Опозициската СДСМ предлага промени во работата на институциите и администрацијата, со цел, според потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска, да се овозможат квалитетни, ефикасни и достапни јавни услуги.
Според Шекеринска, граѓаните се жалеле на тешкотии при завршување обврски низ државните институции и доаѓање до информации, како и дека има мал број шалтери, а се зголемувале трошоците.
- Имаме план секоја институција во која граѓаните ги остваруваат своите права да работи во две смени и да овозможи услуги за граѓаните до 20 часот секој работен ден, рече Шекеринска.
Планираат, како што рече, и укинување на непотребни документи, а за секоја постапка којашто се води во државната администрација во рок од шест мецеси да бидат објавени сите документи што се потребни, колку трае и колку чини.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ