Прв меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016”
Преку 100 готвачи од Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка и Шведска ќе учествуваат на првиот меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016“ што се одржува денеска и утре на Скопски саем.
Поделени во јуниорски и сениорски категории, мајсторите на кујната поединечно и тимски ќе се натпреваруваат во повеќе категории за што подобар пласман, влез во финалето и освојување на престижниот пехар „Македонија 2016”.
Натпреварувачките боксови ќе бидат во функција над 200 пати што ќе претставува вистински празник за готвачите и за посетителите. Во категоријата „јуниори“ ќе се подготвуваат: национално јадење на модерен начин (екипно) и паста во поединечна конкуренција, додека во сениорската национално јадење на модерен начин и јадење од риба, но во двата случаја индивидуално. Ќе се подготвува и јадење од пилешко месо.
За изборот на најдобрите готвачи се задолжени меѓународни судии, а натпреварот ќе го следат и гости од Израел и Египет.
„Македонија 2016” го организира Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, членка на Светската асоцијација на шефови на кујни (WACS) од 17-20 октомври, но натпреварувачкиот дел е денеска и утре од 8 до 20 часот. Паралелно, во двата натпреварувачки дена во халата 4 на Скопски саем ќе се одвива и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни.
Според организаторите, за натпреварот се пријавиле и многу ученици и студенти од угостителските училишта и факултетите за туризам и гастрономија во Македонија.
- Универзалната професија „готвач“ и во нашата земја од ден на ден станува се поатрактивна. Се надеваме дека јавноста ќе го препознае нашиот обид да придонесеме во поместување на стандардите на професијата и презентација на македонската гастрономија на светската мапа на гастрономски нации, наведува ГАСТРО МАК.
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар