Фудбал
25. August 2015 - 22:49

Динамо Загреб во групната фаза од Лигата на шампионите

Екипите на Динамо Загреб, Валенсија, Малме, Шахтјор и Макаби изборија пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Динамо Загреб со две победи успеа да го елиминира првакот на Албанија Скендербег.

На вечерва одиграните реванш дуели беа постигнати следниве резултати:
Динамо Загреб - Скендербег 4:1 (6:2 вкупен резултат),
Монако - Валенсија 2:1 (3:4),
Малме - Селтик 2:0 (4:3),
Шахтјор - Рапид Виена 2:2 (3:2) и 
Макаби Тел Авив - Базел 1:1 (3:3).
 
Утре се играат натпреварите:
Бриж - Манчестер Јунајтед (1:3 прв натпревар),
ЦСКА Москва - Спортинг (1:2),
Баер Л. - Лацио (0:1),
АПОЕЛ - Астана (0:1) и 
Партизан - БАТЕ (0:1).
Почетокот на дуелите е во 20:45 часот.