-->
-->
Нова детска градинка во прилепско Канатларци
-->

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со прилепскиот градоначалник Марјан Ристески денеска ја пуштија во у потреба новата детска градинка во прилепското село Канатларци.
Градинката е целосно адаптиран простор со капацитет за згрижување 20 деца од предшколска возраст од ова и соседните населени места.
Според Спасов ова е трета по ред градинка што за кусо време се отвора во прилепските населени места, а градот ќе гради нови капацитети и е дел од мега владиниот проект за 140 детски градинки во земјава.
- Оваа е трета градинка во населените места за еден месец. Претходно беше отворена градинката во селото Беровци. Со нашите инвестиции не застануваме тука. До крајот на годинава очекуваме да биде завршен објектот во Големо Коњари, а во 2017 година да биде отворен уште еден објект во прилепското ОУ „Рампо Левката“. Општината ќе биде дел од мега владиниот проект за 140 нови детски градинки во земјава, инвестиција од 25 милиони евра. Планираме создавање капацитети за 18 000 деца да бидат дополнително згрижени во новите објекти кои ќе бидат изградени во наредниот период. Во Прилеп планираме еден поголем објект да се изгради со капацитет за 200 до 300 деца, со цел листите на чекање да бидат сведени на нула. Со овие активности сите рурални средини ќе бидат покриени со детски градинки. А ќе се отворат и нови работни места, изјави Спасов.
За градоначалникот Марјан Ристески важно е дека со детски градинки ќе бидат опфатени сите населени места со анкетирање на жителите за нивните потреби.
- До крајот на годинава секако ќе се работи на нови капацитети за детски градинки. Вредноста на овој објект во Канатларци вкупно е еден милион денари, рече Ристески.
На денешната свеченост во Канатларци надлежните соопштија дека прилепската компанија „Комфи Ангел“ за дечињата во прилепските градинки даруваше 1100 детски јорганчиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
