-->
-->
Груевски: Со победата од 63 пратеници ќе им покажеме дека во Македонија нема ценкање и пазарење со иднината на нашата држава
-->

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот собир во својот говор истакна дека 11 декември е многу важен ден за иднината на Република Македонија, бидејќи тоа е денот кога секој ќе има можност да покаже во каква Македонија сака да живее.
-11 декември е многу важен ден за иднината на Република Македонија, бидејќи тоа е денот кога секој ќе има можност да покаже во каква Македонија сака да живее. После овие две години мислам дека на секој од Вас му е повеќе од јасно значењето на овие избори. И затоа на овие избори не е потреба само победа. Туку е потребна поддршка за 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. 63 пратеници кои ќе значат силна порака до сите оние кои мислат дека можат да го заобиколат народот. 63 пратеници кои ќе значат силна порака до оние кои со години го делат и навредуваат народот. 63 пратеници кои ќе значат крај на црните и мрачни сценарија на заевци и верушевци, рече Груевски.
Лидерот потенцираше дека 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои ќе значат мнозинство кое никој нема да има право да го уценува.
-Ги гледате како се спремни на се само да се догребат до пратеник повеќе. Спремни се и целосна двојазичност да воведат само да освојат пратеник повеќе. Спремни се и кичма да виткаат и интереси државни да распродаваат. Е затоа е потребно да ги победиме со 63 пратеници. Затоа е важно да не им се остави ниту малку простор, ниту малку надеж во нивниот забеган филм дека можат нешто да се пазарат, да се ценкаат, да лицитираат, да разградуваат и наддаваат. Со победата од 63 пратеници ќе им покажеме дека нема во Македонија ценкање и пазарење со иднината на нашата држава. Дека Македонија не е за пазарење. Победата со 63 пратеници ќе значи полесно и поефикасно спроведување на проектите и мерките, ќе значи побрзо враќање на патот на реформите и посигурно чекорење на патот кон нови работни места и економски раст и развој на државата. Победата од 63 пратеници ќе значи полесно спроведување на проектите за младите.
-Полесно реализирање на проектите за пензионерите, земјоделците, здравствените работници и административците. Таквата победа ќе значи полесно спроведување на нови проекти во образованието, во социјалата, во спортот и културата… Поефикасно спроведување на проекти мерки во сите области и сите сфери… Проекти и мерки кои ќе значат продолжување на градбата на нашата држава. Нови дела и нов напредок кои ќе ја направат подобра, поуспешна и попросперитетна Република Македонија. А тоа е нашиот интерес. Тоа е нашиот заеднички интерес. Тоа нашата заедничка искрена цел. Успешна и просперитетна Република Македонија. затоа се потребни 63 пратеници, затоа е потребна таа голема победа. Тоа ќе биде трумф на народот, рече Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово