Тодоров: Немаме идеално здравство, но тоа постојано се развива
Здравството не е иделано, има и ќе има многу проблеми и предизвици, но секогаш кога го оценувате правете го низ призма на споредба - какво било и какво е сега. Немаме најдобар здравствен систем, но тој постојано се развива и, согласно со мудра стратегија, се инвестира еднакво во сите негови столбови - во инфраструктура, опрема и во човечки капацитети, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната панел-дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „За здрав живот“.
Набројувајќи ги новините во здравствената политика, го посочи проектот „Мој термин“ и праша дали во минатото пациентот можел во точно одреден термин да оди на лекар. Посочи дека според анкетите, 70 проценти меѓу пациентите и меѓу вработените во здравството се задоволни од таа реформа.
Ги спомна и отворањето на државната кардиохирургија, детската кардиохирургија, новата болница во Козле, постојаната едукација на доктори во странство, набавените компјутерски томографи, магнентни резонанци и ангиографи низ целата држава, набавката на амбулантни возила за итна помош...
Во 2005 година, рече тој, пациентите биле приморани да чекаат и да умираат или, оние што имале пари - да одат во соседни земји. За интервентна кардиологија, рече Тодоров, пред десет години се чекало од шест до осум месеци, а на Онкологија пациентите со тешки малигни болести чекале една година зрачна терапија за која денес се чека три подготвителни дена.
На панел-дискусијата „За здрав живот“ учествуваа и директори на клиники и болници и претставници од министерствата за здравство и за животна средина и просторно планирање. хс/скс/13:37
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал