-->
-->
Кумановската касарна „Боро Менков“ го одбележа патрониот празник
-->
Касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска го одбележа патрониот празник и 75 годишнината од загинувањето на народниот херој, Боро Менков.
Делегации од АРМ и од градинката „Ангел Шајче“ положија цвеќе пред бистата на Боро Менков во касараната, по што следеше обраќање на командантот на касарната, потполковнок Лулзим Нуредини.
Во обраќањето пред присутните командантот Нуредини се осврна на фомирањето на партизанските одреди на карадачкиот и козјачкиот одред и учеството на командантот на карадачкиот одред, Боро Менков во борбата во НОБ.
- Ссо задовoлство можеме да истакнеме дека сме горди што ги продолжуваме светлите традиции на нашето минато. Ние ќе направиме се, името на народниот херој Боро Менков да остане во меморијата на младата популација и идните генерации. Идеалите за храброст, херојство, пожртвуваност и патриотизам кон сопстената држава и народ на Боро Менков и неговите соборци, како да се пренесени на сегашните генерации. Како и тогаш и сега задачите и обврските се големи, а целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата,а со нашата храброст и патриотизам низ секојденвните активности и ангажирања го докажуваме тоа, рече во обраќањето командантот Нуредини.
Тој ги потенцираше и ангажирањето на АРМ во асистенција на МВР во справувањето со мигрантската криза, за обезбедување на јужната и северната државна граница, како и ангажирањето во справувањето со поплавите и помош на настрадантите во скопскиот регион.
Историчарот од кумановскиот музеј Марија Живачки говореше за делото на Боро Менков во ослободителната борба, за неговата пожртвуваност и за неговото загинување заедно со уште шестмина соборци од карадачкиот одред во реонот на село Белановце на 14 октовмри 1941 година во борбата со бугарската војска и полиција.Инаку,Боро Менков е прогласен за народен херој на Југославија 1951 година.
На одбележувањето на патронатот, учествуваа културно-уметничките друштва, „Срма“ и „Бајрам Шабани“ од Куманово, ученици од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ и деца од градинката „Ангел Шајче“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари Gibson запленети во Калифорнија
-
Во Берово утрово најстудено, Крушево најтопло
-
Скопје 4-ти на неславната листа на најзагадени градови во светот
-
Европратениците ќе гласаат за одобрување на новата Европска комисија
-
Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина
-
Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години
-
Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус
-
Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател