Заврши реконструкцијата, надградбата и доградбата на собраниската зграда

Во Собранието на Република Македонија вечерва беше означено завршувањето на реконструкцијата, надградбата и доградбата на објектот.
- После шест години, денес, конечно можеме со гордост да истакнеме дека најобемната и најсложената реконструкција, надградба и доградба на Собранието на Република Македонија е завршена, истакна во кусото обраќање претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.
Во овие изминати шест години, додаде, градежните работи се изведуваа без притоа да биде нарушена работата на Собранието.
- Три парламентарни состави поминаа во знакот на изведувањето на овој исклучително сложен и по обем огромен градежен зафат. Додека посветените работници ја извршуваа својата сложена задача, пратениците, заедно со службата и со новинарите, ги извршуваа своите работни задачи, рече Вељаноски.
Собраниската зграда, како што кажа, е проектирана согласно највисоките стандарди.
- На идните генерации им оставаме репрезентативен објект кој ја претставува гордоста на Македонија, објект со површина поголема од 18.000 метри квадратни во кој верувам ќе се реализираат безброј значајни проекти за нашата земја, опремен со најсовремена технологија, со изградени нови простории за работа на службата, на новинарите и на пратениците, како и со реконструирање на постојните простории, рече претседателот на Парламентот.
Објектот на Собранието е изграден во 1938 година, а неговата реконструкција, надградба и доградба започна пред шест години.
- Зградата на парламентот во целост ги следи историските процеси на патот до целосното заокружување на државноста на нашата татковина. Денес, кога нашата татковина е самостојна и независна држава, оваа по обем најголема реконструкција, има и значајна симболична порака. Самиот развој и осовременување на овој објект, ја симболизира и целта за развој и за осовременување на вкупните прилики во Република Македонија, рече Вељаноски.
Присутните имаа можност да видат видео за објектот на македонското Собрание.
Завршувањето на работите на објектот беше прогласено по свечената академија по повод 11 Октомври - Денот на востанието, кое се одржа во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
